Бизниси

Продолжување на JobKeeper

Исплатата JobKeeper, која првично требаше да се исплатува до 27 септември 2020, ќе продолжи да им биде достапна на бизнисите кои ги исполнуваат условите (вклучувајќи ги самовработените) и на непрофитните до 28 март 2021.

За преглед на наредните промени ве молиме видете на treasury.gov.au/coronavirus/jobkeeper/extension.

Исплата JobKeeper

Владината JobKeeper исплата е привремена субвенција за бизнисите на кои коронавирусот (КОВИД-19) имал значително влијание.

Работодавците, претприемачите (sole traders) и други субјекти (entities) кои ги исполнуваат условите може да поднесат барање за добивање на JobKeeper исплати за нивните вработени кои ги исполнуваат условите. АТО ќе ги префрлува тие исплати на работодавецот секој месец наназад.

Бизнисите може да се пријават за JobKeeper исплати преку Business Portal на АТО, на ATO online services со користење на myGov ако сте претприемач (sole trader), или преку регистриран даночен или BAS агент.

За информации за постоечката JobKeeper поддршка и помош достапна од АТО видете на www.ato.gov.au/JobKeeper.

Обезбедување на паричен проток заради плаќање на сметки и плати

Бизниси и непрофитни (NFP) организации кои вработуваат персонал ќе добијат меѓу 20.000 до 100.000 долари за поттикнување на прометот (cash flow boost) со поднесување на изјави за активности (activity statements) до месецот или тримесечјето на септември 2020 година.

Повеќе информации на:

Чираци и лица на обука

Владата го поддржува постојаниот развој на австралиската квалификувана работна сила и им помага на бизнисите, кои ги исполнуваат условите, да ги задржат чираците и лицата на обука, нудејќи субвенција од 50 проценти за плати до 21.000 долари.

Повеќе информации на:

Кредити и заеми

Новата програма Coronavirus SME Guarantee Scheme значи дека може да добиете дополнителни заеми од заемодавци (lenders) кои учествуваат во програмата, како помош во следните месеци.

Владата ќе обезбеди гаранција од 50 проценти на SME заемодавци, за нови необезбедени (unsecured) заеми кои ќе се користат како работен капитал.

Исто така, Владата обезбедува изземање од обврските за одговорно давање заем на заемодавците кои даваат кредити на постоечки мали бизниси.

Ова изземање е за период од шест месеци и се однесува на секој кредит за деловни цели, вклучувајќи нов кредит, зголемување на лимитот на кредит, и варијации и преструктуирање на кредит.

Поддршка на региони и сектори

Владата издвои една милијарда долари за поддршка на заедниците, регионите и индустриите најпогодени со појавата на коронавирусот. Овие средства ќе бидат на располагање како помош во текот на пандемијата и за да помогнат за закрепнување. Покрај тоа, Владата ѝ помага на нашата воздухопловна индустрија со пакет до 715 милиони долари.

Инвестирање во вашиот бизнис

Лимитот за моментално отпишување на имот (instant asset write-off threshold) е зголемен од 30.000 на 150.000 долари за бизниси со вкупен годишен промет помал од 500 милиони долари.      

Без оглед дали купувате нова опрема за вашиот магацин или половен трактор, вашиот бизнис може да има корист од зголеменото и проширено моментално отпишување на имот до 31 декември 2020 година.

Исто така, забрзано отпишување на вредноста поради амортизација (depreciation deduction) ќе биде на располагање на бизниси, кои ги исполнуваат условите, преку 15-месечна иницијатива за поттикнување на инвестирањето (investment incentive initiative).

Повеќе информации на:

Instant asset write-off for eligible businesses (Моментално отпишување на имот за бизниси што ги исполнуваат условите)

Backing business investment – accelerated depreciation (Поддршка на инвестирање во бизнис – забрзана амортизација)

Исто така видете: