Дезинформации и вистини за коронавирусот (COVID-19)

Дезинформации за вакцината против КОВИД-19

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Вакцините против КОВИД-19 се опасни и имаа сериозни штетни ефекти кај луѓето во странство кои ги примиле.

ФАКТ: Администрацијата за терапевтски средства (Therapeutic Goods Administration - TGA) ги одобрува вакцините за употреба во Австралија. Сите вакцини се темелно тестирани во поглед на безбедноста пред да бидат одобрени за употреба во Австралија. Тоа вклучува внимателна анализа на податоците од клиничките испитувања, состојките, хемијата, производството и други фактори. Информации за вакцините против КОВИД-19 може да се најдат на веб-страница на TGA на https://www.tga.gov.au/covid-19-vaccines

Покрај проценувањето на секоја испорака на вакцините против КОВИД-19, Администрацијата за терапевтски средства ја надгледува нивната безбедност откако биле испорачани во Австралија. Австралиската влада исто така внимателни ги следи програмите на имунизација во странство, вклучително во Велика Британија, Германија и Норвешка. Севкупно, тие информации ќе помогнат да се обезбеди дека Австралијаните имаат пристап до безбедна и ефикасна вакцина против КОВИД-19.

Ако имате негативни ефекти од вакцина, побарајте помош од здравствено професионални лице и пријавете на TGA (1300 134 237).

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Повеќе луѓе ќе умрат од негативни ефекти од вакцината одошто од самиот КОВИД-19.

ФАКТ: Секоја вакцина може да предизвика благи негативни ефекти. Главни негативни ефекти од вакцините е малку болка, црвенило или оток на местото каде сте ја добиле инјекцијата, главоболка или лесна треска и измореност. Повеќе од нив може да се средат со лесни лекови против болки и не се причина за вознемиреност.

Администрацијата за терапевтски средства ја – медицинскиот регулатор на Австралија – нема да одобри вакцина која не е безбедна и ефикасна. Една од работите што ги следат многу внимателно се сериозни негативни ефекти.

Австралија има еден од најдобрите процеси на одобрување во светот и секој лек што би можел да предизвика сериозни негативни ефекти нема да биде одобрен во оваа земја. Работата на TGA не завршува со одобрувањето. TGA исто така ги држи на око податоците што доаѓаат од странство и вакцинацијата тука. Ништо не е пропуштено на случајот.

Ако имате негативни ефекти од вакцина, побарајте помош од здравствено професионални лице и пријавете на TGA (1300 134 237).

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Владата ја користи вакцинација како покритие за да ја собере/смени вашата ДНК.

ФАКТ: Вакцините се ставаат со инјекција во вашето тело, ништо не вадат од вашето тело и на ја менуваат вашата ДНК. Некои од новите вакцини против КОВИД-19 корист еден дел од Messenger RNA (mRNA) да му дадат упатство на вашето тело да покрене имунолошка реакција против КОВИД-19. mRNA не ѝ прави ништо на вашата ДНК.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Вирусот се менува толку брзо што вакцината никогаш нема да работи.

ФАКТ: Сите вируси мутираат (се менуваат) Тоа е нормален дел од природната еволуција и КОВИД-19 не е различен. Врз основа на докази, вакцините против КОВИД-19 ќе биде ефикасна против новите варијанти.

Тоа може да значи дека на луѓето може да им треба дополнителна (booster) или да бидат повторно вакцинирани - како против грип. Вакцините што моментално се одобрени за употреба во Австралија покажаа дека се многу ефикасни во спречувањето на тешко заболување од КОВИД-19.  

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Луѓето кои имале КОВИД-19 и оздравеле, не треба да се вакцинираат.

ФАКТ: Заштитата што некој ја добива со тоа што имал КОВИД-19 е различна од човек до човек. Бидејќи вирусот е нов, не знаеме колку ќе трае природниот имунитет. Дури и ако сте имале КОВИД-19, сепак треба да примите вакцина против КОВИД-19 кога ќе можете.                                   

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Вакцината против КОВИД-19 содржи софтвер/микрочипови што се користат за надгледување.

ФАКТ: Ниедна од вакцините против КОВИД-19 не содржи софтвер или микрочипови.

Други дезинформации за КОВИД-19

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Децата се „супер-пренесувачи“ на КОВИД-19

ФАКТ: Иако помалите деца се познати како „супер-пренесувачи“ на микроби и воопшто на микроорганизми, како на пример на грип (influenza), досегашните докази за КОВИД-19 посочуваат дека пренесувањето од дете на дете во училиштата не е често. Натаму, никаде во светот не постојат податоци дека помасовно заразување со овој вирус се случил кај помали деца. Иако е тоа можно, доказите сепак посочуваат дека децата не се супер-пренесувачи на вирусот што предизвикува КОВИД-19.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Австралија не може да набави доволно медицинска опрема и материјал (респиратори, маски, комплети за тестирање)

ФАКТ:  Австралија многу успешно ја израмни кривата, што значи дека одбегнавме зголемен притисок врз нашите болници.

Имаме големо количество лична заштитна опрема достапна во Австралија, при што поголемиот дел е произведен во Австралија и цело време испорачуван во Австралија. На пример, националните медицински резерви се добро снабдени и нарачаа повеќе од половина милијарда маски за испорака во фази во текот на 2021 година.

Советодавни одбори на Австралиската влада, вклучително Communicable Diseases Network Australia и Public Health Laboratory Network, често се состануваат за одново да ги проценат упатствата во однос на условите за тестирање на КОВИД-19, да обезбедат дека неопходното тестирање се спроведува со цел да се помогне на реакцијата на нашето јавно здравство на пандемијата на КОВИД-19.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Поради КОВИД-19, австралиските болници нема да можат да се справат со зголемената побарувачка

ФАКТ:  Австралија многу успешно ја израмни кривата, што значеше дека одбегнавме да го зголемиме притисокот врз нашите болници. Австралија има здравствен систем од светска класа, кој е способен - ако биде потребно - да се справи со дополнителна побарувачка за време на пандемијата на КОВИД-19. Тоа вклучува зголемен капацитет за дополнителен број болнички легла, медицинска опрема, материјали и медицински персонал, преку партнерство меѓу Австралиската влада, владите на државите и териториите, и приватниот здравствен сектор.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Двонеделно општо затворање (lockdown) ќе го запре ширењето на КОВИД-19

ФАКТ:  Воведувањето на рестрикции во период од две или три недели, за потоа да бидат укинати и животот да се врати во нормален тек, нема да го запре ширењето на КОВИД-19.

Мнозинството луѓе со КОВИД-19 имаат само благи или немаат никакви симптоми. Постои ризик дека со општо затворање во период од само две недели луѓе со КОВИД-19 кои немаат симптоми можат, без да знаат, да изложат други луѓе на вирусот кога сè ќе биде повторно отворено.

Најдобар начин да се забави ширењето на КОВИД-19 е одржување на добра хигиена на рацете и на дишењето, како и на физичкото растојание, да останете дома и се тестирате ако не се чувствувате добро, и да носите маска ако сте во област на пренесување на болеста во заедницата, а држењето физичко растојание не е можно.

Нашите здравствени стручњаци ќе продолжат секојдневно да го надгледуваат бројот на нови случаи во Австралија и таму каде има пренесување на вирусот. Тие потоа ќе дадат препораки врз основа на докази, како што се нови правила или рестрикции што треба да бидат спроведени. Секој треба да биде информиран со актуелните рестрикции посетувајќи ја веб-страницата www.australia.gov.au.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Тестирањето на сите ќе го запре ширењето на вирусот.

ФАКТ:  Тестирањето не го запира ширењето на вирусот.

Еден од основните столбови на спречувањето и контролирањето на КОВИД-19 е навременото, скалабилно и точно дијагностичко тестирање. Дијагностичкото тестирање игра критична улога во дефинирањето на епидемиологијата на болеста, давајќи информации за справување со случаи и контакти, и пред сè во намалувањето на пренесувањето на вирусот.

Меѓутоа, негативен резултат на тест за КОВИД-19 не значи дека не сте изложени на ризик или дека не претставувате ризик за други луѓе. Вие може да имате негативен резултат на тест за КОВИД-19 откако сте биле изложени на SARS-CoV-2 (вирусот што предизвикува КОВИД-19), но пред да се појават симптоми. Затоа е толку важно да се одржува добра хигиена и физичко растојание, и да останете дома кога не се чувствувате добро. Овие постапки, заедно со целното тестирање, помагаат да се спречи пренесувањето на КОВИД-19 и на други заразни болести, намалувајќи го притисокот врз австралискиот здравствен систем.

Заради успешно справување на јавното здравство со зголемениот број случаи и појава на болест во некој регион, тестирањето да мора да биде внимателно насочено за да воспостави правилен баланс меѓу одржувањето на епидемиолошка контрола и заштитата на одржливоста на капацитетот на лабораториите и местата за тестирање.

Масовно тестирање на Австралијаните кои не покажуваат симптоми (асимптоматични) не е препорачливо. Таа стратегија на тестирање не е епидемиолошки оправдан, ниту економски ефикасен приод за идентификување на пренесувањето на болеста. Австралиската влада прифаќа дека може да има место за асимптоматско тестирање во конкретни контексти заради контрола на болеста и надгледување. Овие контексти вклучуваат области на појавување на болеста, популации со поголем ризик на пренесување на подрачја со ниско ниво на појавување, популации со значително висок ризик на изложеност, и популации во области со висок ризик на пренесување кои исто така се ранливи на сериозни болести ако се заразат.

Австралиската влада продолжува да препорачува стратегиите на тестирање, вклучително програмите за проверка на работните места за асимптоматични луѓе, да се подготват во консултација со релевантни здравствени власти и директори на лаборатории. Тоа е за да се обезбеди дека се применети најсоодветни и ефикасни приоди. За повеќе информации за ставот на Австралиската влада во однос на масовно асимптоматско тестирање, ве молиме видете на веб-страницата на Department of Health.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Комплетите за тестирање не даваат точни резултати

ФАКТ:  Тестовите на КОВИД-19 во Австралија се многу точни.  Сите методи на тестирање во Австралија беа сестрано проверени. Тие и натаму се внимателно надгледувани од Администрацијата за терапевтски средства (Therapeutic Goods Administration - TGA) и низ задолжително учество во програми за проверка на квалитетот кои беа подготвени конкретно за SARS-CoV-2 (вирусот што предизвикува КОВИД-19).

Во Австралија, лабораториското тестирање на верижната реакција на полимеразата (PCR) е најдобар можен тест за дијагностицирање на акутна инфекција со SARS-CoV-2 и за да се направи тестот потребно е земање на респираторен примерок. PCR тестовите се многу чувствителни и ги откриваат најмалите генетски делчиња специфични за SARS-CoV-2 во респираторниот примерок.

За секоја технологија на тестирање што е нова во Австралија е потребна многу внимателна процена од TGA, заради обезбедување на квалитет и веродостојност на резултатите и за да се овозможи нејзино легално испорачување. За ажурирани информации за тоа кои тестови на КОВИД-19 се вклучени во Австралискиот регистер на терапевтски средства (Australian Register of Therapeutic Goods), ве молиме посетете ја веб-страницата на TGA на: www.tga.gov.au/covid-19-test-kits-included-artg-legal-supply-australia.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Коронавирусот е измама

ФАКТ: КОВИД-19 го предизвикува еден вирус (SARS-CoV-2) кој е дел од големо семејство вируси кои можат да предизвикаат респираторни инфекции кај луѓето и животните. Тие инфекции може да бидат од обична настинка до посериозни болести. КОВИД-19 се шири меѓу луѓето преку ситни капки и загадени површини.

Во Австралија, Викториската референтна лабораторија за заразни болести (Victorian Infectious Diseases Reference Laboratory - VIDRL) при Институтот за инфекции и имунитет Peter Doherty беше првата лабораторија надвор од Кина што го изолира SARS-CoV-2. VIDRL го сподели изолираниот вирус со други австралиски лаборатории, со Светската здравствена организација и со други земји, за да овозможи развој, проверка и одобрување на дијагностички тестови на КОВИД-19.

Австралија има среќа што е поддржана од стручна мрежа на јавни и приватни патолошки лаборатории со способност и соодветна акредитација да го откријат и потврдат SARS-CoV-2. Способноста на тие лаборатории да го зголемат нивниот капацитет на тестирање беше суштествена за успехот на Австралија да ја израмни кривата и да ги одбегне уништувачките стапки на инфицирање видени во други земји. Информации за бројот на луѓето со КОВИД-19 и на смртните случаи од болеста се собираат во Австралија и ширум светот. Australian Department of Health секојдневно ги објавува тие податоци.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА: Маските се неефикасни и/или небезбедни.

ФАКТ:  Маските, кога се употребуваат заедно со други мерки на претпазливост, како што се добрата хигиена, физичкото растојание и останувањето дома и тестирањето кога не се чувствувате добро, помагаат да се забави ширењето на КОВИД-19.

Бидејќи како мнозинството респираторни вируси SARS-CoV-2 (вирусот што предизвикува КОВИД-19) главно се пренесува преку ситни капки што го содржат вирусот, што се создаваат кога заразеното лице зборува, кашла или кива. Пренесување исто така може да биде преку заразени површини. Маска може да користи некое лице со респираторна вирусна инфекција, вклучително КОВИД-19, со или без симптоми, за да ги заштити другите луѓе со тоа што го намалува ширењето на заразените респираторни капки. Здравствените работници и работниците за нега користат маски за да се заштитат кога не можат да одржуваат физичко растојание од лице со респираторна инфекција, вклучително со КОВИД-19.

Носењето маска е само еден чекор во забавувањето на ширењето на КОВИД-19 и не е замена за други мерки на претпазливост. Важно е да се продолжи со одржувањето на добра хигиена на рацете и на дишењето, на физичкото растојание и да се остане дома и направи тест кога не ви е добро.

Нема докази дека носењето маска е небезбедно или дека тоа создава проблеми како што е недостиг на кислород. Здравствените работници носеле маски долго време во текот на многу години без такви проблеми.

 

Редовно отворајте ја оваа веб-страница за да бидете информирани за значајни настани во реакцијата на Австралиската влада на појавата на КОВИД-19.

SBS исто така има низа информации за КОВИД-19 на вашиот јазик. Исто така, може да користите апликации (apps) за мобилен телефон и линкови на пребарувачи (browser extensions) за да преведете владини информации. Побарајте некој што одговара на вашите потреби.

За дополнителни информации на англиски, посетете ја веб-страницата www.australia.gov.au.