Поединци и домаќинства

Рано ослободување на superannuation

Поединци кои ги исполнуваат условите можат да поднесат барање на интернет преку myGov да имаат пристап до 10.000 долари од нивниот superannuation пред 31 декември 2020 година.

Раното располагање со вашиот superannuation ќе влијае на билансот на вашиот superannuation и може да влијае на вашиот приход кога ќе се пензионирате. Размислете да побарате финансиски совет пред да побарате рано ослободување на вашиот superannuation.

Повеќе информации за раното ослободување на superannuation може да добиете на www.ato.gov.au/early-access, или ако сакате да разговарате со Даночната служба (АТО) на ваш јазик, јавете се на Преведувачката служба (TIS National) на 13 14 50.

Без присилно иселување

Владите на државите и териториите ќе го „замрзнат“ присилното иселување за период од шест месеци. Сопствениците на куќа/стан и станарите се поттикнуваат да преговараат за краткорочни договори. За повеќе детали проверете кај владата на вашата држава или територија.

Опции за минимална стапка на повлекување за пензионери

Условот за минимално повлекување (minimum drawdown requirement) за пензии врз основа на сметка (account based pensions) и слични производи е намален за 50% за годините на приход (income years) 2019-20 и 2020-21, како помош за ублажување на значајните загуби на финансиските пазари како последица на пандемијата на КОВИД-19.

За повеќе информации, видете на www.ato.gov.au/drawdown

JobKeeper исплата

JobKeeper исплатата им дава поддршка на бизнисите на кои КОВИД-19 значително влијаел, со тоа што помага во врска со цената на платите на нивните вработени, за повеќе Австралијани да ги задржат работите и продолжуваат да имаат приходи.

Вашиот работодавец ќе ве извести ако има намера во ваше име да поднесе барање за исплата на JobKeeper секои две недели.

За информации видете на www.ato.gov.au/jobkeeper

Одржување на системот безбеден и праведен

Значително е зголемен бројот на измами во врска со КОВИД-19 и други измами чија цел се Австралијаните. Ако мислите дека ве контактирал некој измамник или имате сомневања во врска со некој имејл, ЅМЅ или телефонска порака, најнапред проверете кај нас.

Ако мислите дека контактот од страна на АТО е лажен, не одговарајте. Јавете се на дежурната линијата за измами (Scam Hotline) на 1800 008 540 или посетете на интернет страницата www.ato.gov.au/scams.

Ако мислите дека некој го украл или го злоупотребил вашиот идентитет, ние може да ви помогнеме. Ние даваме информации, совети и помош за да им помогнеме на даночните обврзници повторно да го воспостават нивниот даночен идентитет.     

Исто така, може да ни јавите на www.ato.gov.au/tipoff ако мислите дека некој поединец или бизнис не постапува правилно.

Владини исплати и услуги

Services Australia може финансиски да ви помогне дури иако уште не добивате исплата од Centrelink. Не треба да одите во центар за услуги. Може да ги користите нашите услуги за самопослужување. Исто така може да имате пристап до социјален работник. Ако веќе сте корисник, поради коронавирусот (КОВИД) има промени на нашите исплати и услуги. За повеќе информации на низа јазици видете на servicesaustralia.gov.au/covid19