Расизмот е неприфатлив

Ако видите или сте изложени на расна дискриминација, малтретирање или омраза, не молчете; кренете го гласот.

Ако сте жртва на расистичко однесување

  • Ако сте биле нападнати или ви се заканиле со насилство, контактирајте со полицијата.
    • Во ситуација што е итна или опасна по живот, јавете се на Три Нули (000) и побарајте полиција.
    • Ако ви треба полициска помош, но не постои непосредна опасност, јавете се на Линијата за полициска помош (Police Assistance Line) на 131 444.
  • Ако нема насилство и е безбедно да се стори тоа, може да сакате самите да ја решите ситуацијата разговарајќи директно со лицето или луѓето кои се замешани.
  • Ако ситуацијата не биде разрешена низ директен контакт или не ви е пријатно да го правите тоа, може да поднесете жалба на Австралиската комисија за човечки права (Australian Human Rights Commission - AHRC).

Силата на посматрачите

Кога луѓето кои се сведоци на расизам го кренат гласот против него, тоа прави лицето кое е цел на расистичко однесување да чувствува дека има поддршка, и може да направи лицето кое се однесува како расист да го смени однесувањето. Не се изложувајте на ризик. Но, ако е безбедно, кренете го гласот и застанете до жртвата. Дури и мал гест може да биде силен.

Ако видите расистичко однесување, вие може:

  • Да го кренете гласот — речете дека е тоа расизам, направете починителот да знае дека тоа е неприфатливо
  • Поддржете ја жртвата — застанете до лицето изложено на расистичко однесување и прашајте го дали се чувствува добро
  • Соберете докази — снимете го инцидентот со вашиот телефон, направете слика на починителот и пријавете го инцидентот на властите

Австралиската комисија за човечки права има совети за посматрачите на веб-страницата https://itstopswithme.humanrights.gov.au/respond-racism

Расната дискриминација и вашите права

Во Австралија е противзаконски јавно да се направи нешто на основа на раса, боја на кожата, национално или етничко потекло на едно лице или група луѓе што веројатно ќе навреди, наружи, понижи или вознемири. Тој вид на однесување е класифицирано како расна омраза.

Примери на расна омраза може да вклучуваат:

  • материјали навредливи на расна основа објавени на интернет, вклучувајќи е-форуми, блогови, страници на социјални мрежи и страници за споделување на видеа
  • коментари и слики навредливи на расна основа објавени во весник, списание или друго издание, како што е брошура или леток
  • говори навредливи на расна основа одржани на јавен собир
  • коментари навредливи на расна основа направени на јавно место, како што е работно место, парк, во јавен превоз или во училиште
  • коментари навредливи на расна основа направени на спортски настани од страна на играчи, гледачи, тренери или службени лица.

Цел на законот е да воспостави баланс меѓу правото на слободно комуницирање („слобода на говорот“) и правото да се живее слободно без расна омраза. Некои постапки може да не се незаконски ако „се направени разумно и со добри намери“.

До расна дискриминација доаѓа кога однесувањето кон едно лице е помалку поволно одошто кон друго лице во слична ситуација поради расата, бојата на кожата, националното или етничкото потекло или доселеничкиот статус; на пример, да се одбие да му се изнајми куќа некому затоа што тој или таа со конкретно расно потекло или боја на кожата.

До расна дискриминација исто така доаѓа кога постои правило или политика што е иста за сите, но има неправеден ефект на луѓето од некоја одредена раса, боја на кожата, национално или етничко потекло или доселенички статус; на пример, ако некоја компанија им забрани на работниците да носат капа или на друг начин ја покриваат главата на работа, што веројатно ќе има неправеден ефект на луѓе од извесно расно или етничко потекло.

Ако сте изложени на расна дискриминација или омраза, може да поднесете жалба на Австралиската комисија за човечки права. Процесот на разгледување на жалби е едноставен, бесплатен и флексибилен.

За да поднесете жалба на Австралиската комисија за човечки права, посетете ја веб-страницата www.humanrights.gov.au/complaints

Национална информативна служба

Националната информативна служба (National Information Service - NIS) на Австралиската комисија за човечки права нуди информации и упати на поединци, организации и работодавци во врска со низа прашања во врска со човечките права и дискриминацијата. Оваа услуга е бесплатна и во доверба.

NIS може:

  • да ви даде информации за вашите права и обврски според федералните закони за човечки права и против дискриминација
  • да разговара со вас дали можете да поднесете жалба на Комисијата или како законот би можел да се примени во вашата ситуација
  • да ви даде информации како да поднесете жалба, да одговорите на жалба или да се справите со конкретни прашања во врска со дискриминацијата
  • да ве упати во друга организација што можеби ќе може да ви помогне Ве молиме имајте предвид дека NIS не може да дава правни совети.

Со NIS можете да стапите во контакт по:

Преведувачка служба

Службата за усно и писмено преведување (TIS National) е преведувачка служба за лица кои не зборуваат англиски. Мнозинството услуги на TIS National се бесплатни за лица кои не зборуваат англиски.

Советување и ментално здравје и добросостојба

Една нова служба за поддршка - која работи 24 часа дневно, 7 дена во неделата - специфично наменета да им помогне на луѓето во текот на пандемијата на КОВИД-19, е на располагање бесплатно на сите Австралијани.

Со службата за поддршка може да се стапи во контакт преку интернет страницата https://coronavirus.beyondblue.org.au/

За лични кризи и услуги на поддршка во врска со менталното здравје, можете да се јавите на Beyond Blue на 1800 512 348 или на Lifeline на 13 11 14 во секое време.

Kids Helpline е бесплатна служба за млади на возраст од 5 до 25 години. Деца, тинејџери и млади возрасни лица може да се јават на 1800 551 800 во секое време.

Информативни листови