Вакцини против COVID-19
Ги поттикнуваме сите кои живеат во австралиската заедница да се вакцинираат. Тоа е во согласност со здравствените совети.
Вакцините против COVID-19 се бесплатни за сите во Австралија, вклучително:
- носители на австралискз виза
- посетители од странство
- ученици и студенти од странство
- странски (migrant) работници
- баратели на азил, и
- лица кои немаат важечка виза.
Кога се вакцинираат луѓе во Австралија, информации за нивниот доселенички статус или државјанство не се собираат.
За да бидете бесплатно вакцинирани против COVID-19, вие не треба да имате право на Medicare или да сте регистрирани за Medicarе. За да видите во која клиника не ви треба Medicare картичка, користете COVID-19 Vaccine Eligibility Checker.
За повеќе информации за програмата на вакцинација против COVID-19 на вашиот јазик, посетете COVID-19 vaccine information in your language.