Визи и граница

Ограничувања на патувања

На сила е забрана на патување, со која не се дозволува влез во Австралија на сите лица кои не се државјани или жители на Австралија.

Од забраната на патување се изземени блиски членови на семејства на австралиски државјани и постојани жители, вклучувајќи сопружници, неполнолетни издржувани лица, полноправни старатели и дефакто партнери. По пристигнувањето во Австралија, сите патници се должни да поминат 14 дена во карантин.

Информации за носители на привремени визи

Носителите на визи кои сакаат да останат во Австралија по истекувањето на важењето на нивната сегашна виза, треба да поднесат барање за нова виза. Носителите на виза треба да ги испитаат опциите, со цел да одберат нова виза што им одговара на нивните околности и да проверат дали можат да ја побараат.

За повеќе информации за ограничувањата на патување и за визи, посетете ја интернет страницата covid19.homeaffairs.gov.au