За бизниси

Исплата JobKeeper

Владината JobKeeper исплата беше привремена субвенција за бизнисите на кои коронавирусот (КОВИД-19) имал значително влијание.

Работодавците, претприемачите (sole traders) и други субјекти (entities) кои ги исполнуваа условите, можеа да поднесат барање за добивање на JobKeeper исплати за нивните вработени кои ги исполнуваат условите. АТО ги префрлуваше тие исплати на работодавецот секој месец наназад.

Бизнисите можеа да се пријават за JobKeeper исплати преку Business Portal на АТО, на ATO online services со користење на myGov ако беа претприемачи (sole trader), или преку регистриран даночен или BAS агент.

За информации за исплатата JobKeeper видете на www.ato.gov.au/JobKeeper.

Обезбедување паричен проток заради плаќање на сметки и плати

Бизниси и непрофитни (NFP) организации кои вработуваат персонал ќе добијат меѓу 20.000 и 100.000 долари за поттикнување на прометот (cash flow boost) со поднесување на нивните месечни и тримесечни изјави за активности (activity statements) од март 2020 до септември 2020.

Повеќе информации на:

Чираци и лица на обука

Владата го поддржува постојаниот развој на австралиската квалификувана работна сила и им помага на бизнисите, кои ги исполнуваат условите, да ги задржат чираците и лицата на обука, нудејќи субвенција од 50 проценти за плати до 21.000 долари.

Повеќе информации на:

Кредити и заеми

Новата програма Coronavirus SME Guarantee Scheme значи дека може да добиете дополнителни заеми од заемодавци (lenders) кои учествуваат во програмата, како помош во следните месеци.

Владата ќе обезбеди гаранција од 50 проценти на SME заемодавци, за нови необезбедени (unsecured) заеми кои ќе се користат како работен капитал.

Исто така, Владата обезбедува изземање од обврските за одговорно давање заем на заемодавците кои даваат кредити на постоечки мали бизниси.

Ова изземање е за период од шест месеци и се однесува на секој кредит за деловни цели, вклучувајќи нов кредит, зголемување на лимитот на кредит, и варијации и преструктуирање на кредит.

Поддршка на региони и сектори

Владата издвои една милијарда долари за поддршка на заедниците, регионите и индустриите најпогодени со појавата на коронавирусот. Овие средства ќе бидат на располагање како помош во текот на пандемијата и за да помогнат за закрепнување. Покрај тоа, Владата ѝ помага на нашата воздухопловна индустрија со пакет до 715 милиони долари.

Привремени мерки JobMaker Plan за поддршка на бизнисите

Како дел од Буџетот 2020-21, Владата применува извесен број мерки за да им помогне на бизнисите да се повратат од влијанието на пандемијата на коронавирус (КОВИД-19).

Овие мерки се однесуваат на барање даночни попусти, одбивање и амортизација на имоти во време за пријавување на данок. Тие мерки ќе им помогнат на бизнисите да се справат со економските последици на КОВИД-19 во финансиските години 2020-21 и 2021-22. 

Тие мерки вклучуваат:

  • Кредит за вработување JobMaker (JobMaker Hiring Credit)
  • Привремено целосно покривање на трошоците (Temporary full expensing)
  • Пренесување на загуба (Loss carry back)
  • Поддршка на бизнис инвестиции – забрзана амортизација (Backing business investment – accelerated depreciation)
  • Моментално отпишување на имоти (Instant asset write-off)
  • Зголемување на прагот на промет на мали бизниси (Increasing the small business entity turnover threshold)