За поединци и домаќинства

Без присилно иселување

Владите на државите и териториите ќе го „замрзнат“ присилното иселување за период од шест месеци. Сопствениците на куќа/стан и станарите се поттикнуваат да преговараат за краткорочни договори. За повеќе детали проверете кај владата на вашата држава или територија.

Опции за минимална стапка на повлекување за пензионери

Условот за минимално повлекување (minimum drawdown requirement) за пензии врз основа на сметка (account based pensions) и слични производи е намален за 50% за годините на приход (income years) 2019-20 и 2020-21, како помош за ублажување на значајните загуби на финансиските пазари како последица на пандемијата на КОВИД-19.

За повеќе информации, видете на www.ato.gov.au/drawdown

Продолжување на JobKeeper

Исплатата JobKeeper, која првично требаше да заврши на 27 септември 2020, ќе продолжи да биде исплатувана на бизнисите кои ги исполнуваат условите (вклучително самостојно вработените (self-employed)) и непрофитните до 28 март 2021.

За преглед на претстојните промени ве молиме видете на treasury.gov.au/coronavirus/jobkeeper/extension.

Исплата JobKeeper

Владината исплата JobKeeper е привремена субвенција за бизнисите на кои коронавирусот (КОВИД-19) имаше значително влијание.

Работодавците, самостојните бизнисмени и други ентитети кои ги исполнуваат условите може да побараат да добиваат исплати JobKeeper за нивните вработени кои ги исполнуваат условите. АТО ќе им ги исплатува на работодавците наназад секој месец.

Бизнисите може да се регистрираат за исплати JobKeeper на Business Portal на АТО, на ATO online services со користење на myGov ако сте самостоен бизнис (sole trader) или преку регистриран даночен или ВАЅ агент.

За информации за сегашната JobKeeper поддршка и помош достапна од АТО видете на www.ato.gov.au/JobKeeper.

Кредит за вработување JobMaker

Програмата Кредит за вработување JobMaker (JobMaker Hiring Credit) е поттикнување на бизнисите да вработат дополнителни лица кои бараат работа, на возраст од 16 до 35 години.

Работодавците кои ги исполнуваат условите може да добијат JobMaker Hiring Credit за секој дополнителен вработен кој ги исполнува условите, кого го вработиле меѓу 7 октомври 2020 и 6 октомври 2021.

За повеќе информации видете на www.ato.gov.au/jobmakerhiringcredit

Одржување на системот безбеден и праведен

Значително е зголемен бројот на измами во врска со КОВИД-19 и други измами чија цел се Австралијаните. Ако мислите дека ве контактирал некој измамник или имате сомневања во врска со некој имејл, ЅМЅ или телефонска порака, најнапред проверете кај нас.

Ако мислите дека контактот од страна на АТО е лажен, не одговарајте. Јавете се на дежурната линијата за измами (Scam Hotline) на 1800 008 540 или посетете на интернет страницата www.ato.gov.au/scams.

Ако мислите дека некој го украл или го злоупотребил вашиот идентитет, ние може да ви помогнеме. Ние даваме информации, совети и помош за да им помогнеме на даночните обврзници повторно да го воспостават нивниот даночен идентитет.

Исто така, може да ни јавите на www.ato.gov.au/tipoff ако мислите дека некој поединец или бизнис не постапуваат правилно.

Владини исплати и услуги

Services Australia може финансиски да ви помогне дури иако уште не добивате исплата од Centrelink. Не треба да одите во центар за услуги. Може да ги користите нашите услуги за самопослужување. Исто така може да имате пристап до социјален работник. Ако веќе сте корисник, поради коронавирусот (КОВИД) има промени на нашите исплати и услуги. За повеќе информации на низа јазици видете на servicesaustralia.gov.au/covid19