Здравје

Спасете животи и помогнете да се забави ширењето на коронавирусот во Австралија

ОСТАНЕТЕ ДОМА

  • Не излегувајте од дома ако не морате.

  • Треба да одбегнувате да излегувате од дома заради која и да е активност што не е од суштинско значење.

  • Не поканувајте дома роднини или пријатели.

  • Останете дома, освен во случај да:

    • одите на работа или заради образование (ако не можете тоа да го правите од дома) 

    • купувате основни артикли како што се прехранбени производи (вратете се дома без задржување)

    • излегувате заради лично вежбање во соседството, сами или со уште едно лице 

    • одите на медицински прегледи или во посета заради сочувство.

  • Медицинските служби, супермаркетите, банките, бензинските пумпи, поштите и службите за испорака дома остануваат отворени.

ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ

  • Секогаш внимавајте на хигиена, мијте ги рацете 20 секунди со сапун и вода, покривајте ги устата и носот кога кашлате или кивате, одбегнувајте да ги допирате очите, носот и устата.

  • Одржувајте социјално растојание од 1,5 метар кога сте надвор од дома.

  • Одбегнувајте физичко поздравување како што се ракување, прегрнување и бакнување.

  • Наместо со пари, плаќајте со допир со банковна картичка (tap and go).

  • Патувајте кога е тивко и одбегнувајте места со многу луѓе.

  • Бидете добро информирани – користете само веродостојни официјални информации. Преземете ја апликацијата за мобилни телефони на Coronavirus Australia, претплатете се на сервисот WhatsApp на Coronavirus Australia, и посетете www.australia.gov.au за најнови информации.

ОСТАНЕТЕ ВО ВРСКА

  • Јавувајте се на роднини и пријатели по телефон или интернет.

  • Носете прехранбени производи и основни артикли на постари роднини и на луѓе со кревко здравје. Работите оставајте ги пред нивните врати.

  • Клучни доброволни и добротворни организации може да даваат услуги на луѓе на кои им се најпотребни.

Здравствени информации

Симптомите на коронавирусот вклучуваат:

  • треска

  • кашлање

  • болки во грлото

  • изнемоштеност

  • отежнато дишење

Ако сте болни и мислите дека можеби имате коронавирус, побарајте медицинска помош.

За информации може да се јавите на дежурната национална линија за коронавирусот. Ако ви треба помош од преведувач, јавете се на 131 450.

Ако имате сериозни симптоми, како што е тешко дишење, јавете се на 000 за итна медицинска помош.

На интернет страницата на Министерството за здравје има низа информации на неанглиски јазици, за да се помогне луѓето да останат безбедни и да се намали на минимум ризикот за заедницата.